Фото: Screenshot

„Адидас“ ја претстави топката за Мундијалот во 2026, ќе има сензори кои ќе им помагаат на судиите

„Адидас“ и официјално ја претстави топката која ќе се користи на Светското првенство во 2026 година што ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Новата топка го носи името, „Трионда“ и уште веднаш го привлече вниманието поради иновативниот дизајн и технологијата. Името го носи поради тоа што е составена од само четири панели, најмалку во историјата на Мундијалите. Токму тој минимализам носи совршен аеродинамички облик и попрецизно движење во воздухот, а истовремено обезбедува стабилност и контрола над играта.

Дизајнот на топката е инспириран од земјите домаќини, па доминира белата подлога со црвени, зелени и сини детали кои ги симболизираат боите на Канада, Мексико и САД. Исто така ќе бидат вградени сензори кои ќе го следат секој допир, брзина и пат на топката.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот