Фото: Принтскрин, ТВ21

Адеми: ДУИ не се плаши од политичкото движење на Меџити

ДУИ не се плаши од политичкото движење што го формира Изет Меџити, вели пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми и посочува дека жали за оваа одлука, но според него, тој бил добро третиран од партијата и лидерот Али Ахмети. Информацијата за заминувањето на Меџити, тој вели дека ја разбрале од медиумите.

Од медиумите сме информирани за новата политичка определба, во овој случај сакам да нагласам дека се работи за значајни личности кои имале високи политички и партиски функции, биле третирани многу добро во ДУИ, изјави координаторот на пратеничките групи на ДУИ.

Како политички субјект ДУИ, како што кажа, не се плаши од политичкото движење на Изет Меџити.

Не бидејќи тоа е добро организирана, етаблирана политичка организација, која не еднаш, туку повеќе пати поминала низ слични процеси, рече Адеми.

Изет Меџити му објави војна на Али Ахмети: На 13 август ново политичко движење

Според него, Демократската унија за интеграција е на највисоко ниво по кредибилитет во јавното мислење, а тоа е благодарение на визијата на Али Ахмети, која 22 години прави ДУИ да биде стабилна партија.

Адеми тврди дека апсењето на Исмет Гури нема врска со политичките случувања и дека Али Ахмети не се занимава со „стапици“.

За промената на Уставот вели дека не разговарале поединечно со пратениците од опозоцијата, но дека не е добро да се условува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот