Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм/Северина

Аца Лукас ја нарече Северина обична будала: „Што зборуваш, па детето ти е Србин“

Пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, ги коментираше неодамнешните изјави на хрватската пејачка Северина Вучковиќ за Србија, српскиот народ и властите.

Имено, Лукас во поткастот прво ги спомена браковите на Северина, поточно дека нејзините поранешни сопрузи биле Срби, Милан Поповиќ и Игор Којиќ, а потоа напомена дека и таа е мајка на момче кое исто така е Србин.

„Северина е обична будала … Сè подлабоко тоне … го почитувам тоа што го мисли, но како можеш ти кукло да оправдуваш такви гадости за еден народ, а твоето дете и двајцата сопрузи ти се Срби, родила дете кое е Србин“ изјави Лукас, а потоа додаде:

„Ајде нас, но како ќе им го објасниш сето тоа на своите. Што зборуваш ти, а пола живот си поминала во Србија. Беше 30 пати попопуларна во Србија отколку во Хрватска. Снимив дует со неа, песната беше готова, но потоа таа го започна сето ова“ изјави Аца Лукас неодамна во еден поткаст.

Лукас зборуваше и пејачката Јелена Карлеуша и откри што мисли за неа.

„Јелена ми е пријателка долги години, таа е жена со која неколку пати се скарав. Јелена е пред сè е добра личност“ изјави Лукас, а потоа додаде:

„Кога ти е најтешко, таа прва ќе помогне и ќе биде таму, ако треба да плаче со тебе. Бев сведок на тоа, кога се разведував, таа плачеше повеќе од мене“ призна пејачот и на шега откри дека Карлеуша има проблем.

„Има еден проблем, многу е интелигентна и паметна, но понекогаш јазикот и е побрз од умот“ призна Лукас во поткастот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот