
80 години од смртта на Хитлер: Го отрул кучето, се оженил со Ева Браун, а еден ден подоцна се самоубил
На денешен ден, пред точно 80 години, нацистичкиот лидер и една од најомразените личности во историјата, Адолф Хитлер, се самоубил во бункер само два дена откако неговиот сојузник Бенито Мусолини бил застрелан во италијанско село.
Препорачано
Западните сојузници биле на неколку дена од повторно заземање на Европа, Полска била во рацете на Црвената армија, Берлин под немилосрдна опсада, а Фирерот бил принуден да се откаже од замислата за воспоставување империја.

Хитлер пукал од пиштол „Валтер ПП (7,65мм)“, а починал и под дејство на цијанид.
Сопругата на Хитлер, Ева Браун, со која се оженил еден ден претходно, ги следела неговите чекори, осигурувајќи се дека никој од нив нема да се соочи со Русите или ќе одговара за злосторствата кои под негово раководство ги извршил Третиот рајх.

Хитлер, Ева Браун, министерот за пропаганда Јосеф Гебелс, неговата сопруга Магда и нивните шест деца, плус членови на верниот круг на партијата и персоналот, престојувале во бункерот од 16 јануари, бидејќи моќната германска армија била на работ на колапс.
Секој нареден ден донесувал нови вести за напредокот на Британците и Американците на територијата која била окупирана од нацистите.

До 16 април, Русите стигнале и ја започнале битката за Берлин, донесувајќи 2,5 милиони луѓе и 6.525 тенкови на прагот на третиот најголем град на светот, на три фронта командувани од Жуков, Конев и Рукосовски. Исцрпените нацисти биле бројно петпати помалку и без надеж дека ќе го одбранат градот.
Хитлер последен пат се појавил во јавност на 20 април, за да го пренесе Железниот крст на членовите на хитлеровата младината. Тоа било на неговиот 56-ти роденден.

На 22 април, според тврдењата на многу историчари, доживеал целосен нервен слом, откако се уверил во сигурен пораз, односно кога дознал дека Феликс Штајнер ја прекршил директната наредба.
Одредот на Штајнер добил задача да ги нападне силите на Жуков што го опколиле градот од север, бидејќи деветтата германска армија предводена од Теодор Бусе, се приближувала од југ. Штајнер ги одбил нереалните команди, очекувајќи масакр на неговите изморени сили.

Истиот ден, Хитлер, наводно, разговарал со лекарот Вернер Хас, кој умирал од туберкулоза и кој наводно му предложил отров и пиштол како најдобар метод за самоубиство.
Следните денови, руските напади продолжиле и телефонските линии биле прекинати.
Во раните утрински часови на 29 април, кратко време откако го отрул своето сакано куче Блонид и им дал цијанид на неговите секретари, Хитлер се оженил со Ева Браун на церемонија по која го напишал својот тестамент.
Остатокот од денот го поминал давајќи ги последните наредби за уништување на документи.
Телата на Адолф Хитлер и Ева Браун биле пронајдени во 15.30 часот на 30 април 1945 година на крвав тросед.