6 луѓе загинаа, откако автомобил кој превезувал мигранти бегајќи од грчката полиција се судрил со друго возило

Во сообраќајна несреќа во североисточниот дел на Грција во близина на градот Александруполи, животот го загубија шест лица, откако автомобил со нелегални мигранти за да ѝ побегне на полицијата возел во спротивна насока и се судрил со патничко возило.

Како што соопштија од грчката полиција, автомобилот што ја предизвика несреќата, не застанал на знак на полицијата и во обид да избега ја зголемил брзината и влегол во спротивна насока на автопатот Егнатиа во делот меѓу градовите Александруполи и Комотини по што директно се судрил со автомобил со кој управувал 46-годишен Грк.

Судирот бил трагичен за двајцата возачи и било откриено дека во првиот автомобил се пренесувале десет нелегални мигранти, а возачот веројатно бил криумчар.

Освен двајцата возачи, животот го загубиле и четиворица од нелегалните мигранти, а другите шестмина мигранти со повреди биле пренесени во болницата во Александруполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот