фото: facebook.com/fkbregalnicaofficial

2МФЛ: Башкими го доби дербито против Македонија ЃП, Брегалница го совлада Новаци

Во 17 коло од Втората македонска лига фудбалерите на Брегалница Штип славеа на домашен терен со 3:1 против Новаци.

Штипскиот клуб дојде до важни бодови во трката за едно од местата кои водат во Првата лига следната натпреварувачка сезона.

Головите за Брегалница ги постигнаа Димитриевски, Калпачки и Хаџи-Кимов, а стрелец на голот за гостите беше дело на Торнески.

Башкими го доби дербито против екипата на Македонија ЃП славејќи со 1:0.

Стрелец на голот за триумф го реализираше Демири во 29 минута од мечот.

2МФЛ, резултати:

Арсими – Охрид 1:1
Беласица – Вардар Неготино 4:0
Борец – Победа 0:1
Брегалница Штип – Новаци 3:1
Детонит Плачковица – Саса 1:2
Скопје – Осогово 0:0
Кожуф Гевгелија – Вардарски 1:0
Македонија ЃП – Башкими 0:1

Табела: Македонија ЃП 41 бод, Брегалница Штип 37, Башкими 36, Арсими 33, Саса 28, Скопје 26, Детонит Плачковица 26, Кожуф Гевгелија 26, Охрид 25, Беласица 22, Новаци 19, Победа 18, Вардар Неготино 17, Осогово 9, Борец 6, Вардарски 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот