Фото: Pexels

10 парчиња облека кои мора да ги исфрлите од вашиот плакар оваа пролет

Доколку веќе не сте ја замениле сезонската облека, овој период е одлична можност за тоа. Ви предлагаме да се осмелите да направите голема чистка која ќе му помогне на вашиот плакар повторно да дише. Подолу одбравме десет парчиња облека кои треба да ги исфрлите од вашиот плакар оваа пролет.

Секако, доколку се ослободувате од некои работи бидејќи ви се премали или непријатни, размислете каде би можеле да ги подарите.

Избледена црна облека

Без разлика колку внимателно се перат, црните алишта избледуваат со текот на времето.

Веш смален од перење

Колку и да ви е жал што ќе го фрлите парчето гардероба кое се смалило при перењето, не двоумете се и направете простор за ново. Таквата гардероба често со години стои во плкарот без да се носи, затоа овој пат бидете доволно храбри да се збогувате со неа.

Претесни памучни маици

Памучните маички изгледаат подобро на сите, без разлика на возраста и тежината, доколку не се целосно припиени за телото. Но, тие често се собираат со честото перење, а кога ќе станат претесни, време е да ги ставите во купот облека што повеќе нема да ја носите.

Облека која не е удобна

Ослободете се од облеката што е непријатна. Можеби ве чеша, можеби ткаенината не е добра, можеби големината не ви одговара … Сето ова се доволни причини да се ослободите од ова парче облека. Оставете облека во вашиот плакар што е удобна и која сакате да ја носите.

Парчиња кои никогаш не сте ги носеле

Ослободете простор во плакарот со тоа што ќе се ослободите од парчињата што сте ги купиле одамна, а никогаш не сте ги носеле. Можно е едно од тие парчиња сè уште да има цена на него и сте го купиле затоа што било на намалуваање. Откако ќе се ослободите од таквата облека, имајте ја на ум при секое следно купување. Не купувајте облека само затоа што цената е добра.

Облека што повеќе не ја носите

Ако во плакарот имате облека по која не сте посегнале во последната година, две или повеќе, време е тие да го напуштат вашиот плакар и да најдат нов дом, каде некој друг ќе ги цени повеќе.

Облека што ја добивте на подарок и не ви се допаѓа

Ако во плакарот имате натрупани подароци кои не ги носите затоа што не ви се допаѓаат, не се чувствувајте лошо затоа што ќе се ослободите од нив. Намерата на личноста која ви ги дала е она што е важно.

Сентиментални парчиња

Во ред е да чувате некои парчиња облека од сентиментални причини, но нема потреба да го натрупувате плакарот со нив. Добро размислете што ви е навистина важно и ослободете се од вишокот.

Чевли кои повеќе не ги носите, кои се „истрошени“ или кои не се удобни

На крајот исчистете ги и чевлите. Веројатно во плакарот имате чевли, патики, чизми … кои поради некоја причина не ги носите. Можеби им е непријатно, можеби се оштетени или можеби едноставно не им е удобно. Во секој случај, доколку не сте ги носеле со години, а не планирате, време е да го напуштат вашиот плакар.

Сега кога знаете од што треба да се ослободите, можно е новото празно место во плакарот да ви ја разбуди желбата за пазарење.

Важно е овој шопинг да биде паметен за да не го наполните плакарот со облека што не ви треба и нема да ја носите повторно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот