Фото: Freepik

10 моќни изреки кои ја загреваат душата: „Најголемиот дар на љубовта е нејзината способност да направи свето сè што ќе допре“

Љубовта е една од најсилните емоции кои живеат во нас. Љубовта е присутна во сè околу нас – со неа се е можно, а без неа светот би бил празно место.

Всушност, речиси сигурно можеме да кажеме дека не постои човечко суштество кое не бара љубов, а добрата вест е што можеме да ја најдеме оваа моќна емоција во различни „форми“ насекаде околу нас.

  1. Една од најголемите вистини е дека освен другите луѓе, никогаш не смееме да заборавиме да се сакаме себеси.
  2. Љубовта е силата што нè обликува и гради, помагајќи ни да растеме и да станеме подобри – и кон себе и кон другите. Љубовта носи сила, надеж и топлина и сите нè поврзува на најдлабоко ниво. Нема ништо поуниверзално од желбата и потребата за љубов, бидејќи таа е нишката што не поврзува сите нас и им дава вистинска смисла на нашите животи.
  3. „Да сакаш некого значи да го гледаш онака како што Бог го замислил“. – Фјодор Михајлович Достоевски
  4. „Најголемата среќа во животот е убедувањето дека сме сакани – сакани поради тоа што сме или, уште повеќе, и покрај тоа што сме. – Виктор Иго
  5. „Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон што некогаш сум го имал. И што и да се случи во иднина, секој ден поминат со тебе е најдобриот ден во мојот живот. Јас секогаш ќе бидам твој“. – филм „The notebook“
  6. „Ако не се сеќавате ниту на најмалото лудило до кое ве доведе љубовта, никогаш не сте сакале“. – Вилијам Шекспир
  7. „Да се биде длабоко сакан од некој ти дава сила, а да сакаш некого длабоко ти дава храброст“. – Лао Це
  8. „А сега остануваат верата, надежта, љубовта, овие три; но најголемата од нив е љубовта“. – 1. Коринтјаните 13:13
  9. „Вистинската љубов започнува кога не очекувате ништо за возврат“. – Антоан де Сент Егзипери
  10. „Единственото нешто од кое никогаш немаме доволно е љубовта, и единственото нешто од кое никогаш не даваме доволно е љубовта“. – Хенри Милер
  11. „Штом ја слушнав мојата прва љубовна приказна, почнав да те барам, не знаејќи колку сум слеп. Љубовниците конечно не се среќаваат некаде. Тие се еден во друг цело време“. – Руми
  12. „Најголемиот дар на љубовта е нејзината способност да направи свето се што ќе допре“. – Барбара де Анџелис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот