Јанакакис: Сега имаме можност да сториме многу повеќе, Преспанскиот договор повикува на соработка во многу области

фото МИА

Во односите меѓу Грција и Северна Македонија минатата година имаше еден невиден дотогаш развој како резултат на историското потпишување на Преспанскиот договор и неговата ратификација подоцна од страна на нашите парламенти. Сега ќе биде важно да се спроведе стратешкото партнерство воспоставено со Договорот од Преспа. Подготвени сме да ја поддржиме Северна Македонија како добри соседи и пријатели и да го понудиме нашето искуство и експертиза додека земјата оди кон нејзиното интегрирање во европските и евроатлантските организации.

Ова го истакна шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во нашата земја Димитрис Јанакакис на денешниот прием организиран по повод 25 Март – Националниот ден на Грција на кој присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри во Владата, дипломатскиот кор, грчкиот заменик-министер за надворешни работи Маркос Боларис, како и истакнати стопанственици и други јавни личности.

Тој нагласи дека двете земји веќе имаат многу важни односи во многу области што е потврдено и со присуството на повеќе грчки компании и фактот дека Грција е трет по големина инвеститор во Северна Македонија и втор најголем трговски партнер. Дополнително, рече Лејланос, секоја година пречекуваме повеќе од милион туристи од Северна Македонија, додека многу грчки граѓани исто така ја посетуваат вашата земја.

-Сега имаме можност да сториме многу повеќе. Преспанскиот договор повикува на развој на соработката во многу области. Оваа соработка ќе биде многу корисна за двата народа, нашите општества, а особено за нашите млади луѓе и може да биде многу плодоносна во пракса за нашите граѓани. Ова се покажува и со неодамнешното потпишување на Договорот за отворањето нов граничен премин помеѓу Лемос и Маркова Нога во регионот на Преспа и со потпишувањето на Меморандумот за разбирање за намалувањето на роамингот пред јули годинава. Има уште многу да се стори. Верувам дека наскоро ќе видиме повеќе резултати во пракса. Како Канцеларија за врски што наскоро ќе стане амбасада ќе помогнеме колку што е можно повеќе, порача шефот на Канцеларијата за врски во Скопје Јанакакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот