Грипот зема уште седум жртви

Во текот на изминатата недела, регистрирани се 7 смртни случаи асоцирани со грип, два од нив со датум на смрт во претходните две недели, информира Институтот за јавно здравје.

Се работи за 3 лица од Скопје, две од Кичево и по едно лице од Ресен и Валандово. Возраста на починатите се движи од 37-82 години.

Кај 5 лица е утврдена претходна хронична болест, односно постоење на ко-морбидитет.

Кај 43% од починатите потврден е А(H1pdm) вирусот на грип, популарно наречен свински грип.

Во текот на последната недела (11.03-17.03.2019), во Република Северна Македонија се пријавени 1.573 случаи на грип, што е за 35,2% намалување во споредба со минатата недела.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 19.204.

Во текот на сезоната 2018/19, регистрирани се вкупно 22 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години. Најголем број од починатите лица се жители на подрачјето на Скопје (12), 3 лица се од Охрид, 2 од Кичево и по еден смртен случај е пријавен во Кавадарци, Делчево, Тетово, Ресен и Валандово. Кај 17 лица е утврдено постоење на коморбидитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот