Пандев дел од идеалниот тим на Интер – Слободен печат
СпортФудбал

Пандев дел од идеалниот тим на Интер

Според интернет-сајтот Goal.com Македонец е меѓу 11-те најдобри фудбалери кои излегле од академијата на Интер

Горан Пандев има недела за паметење во која тој е централна личност како во македонската, така и во италијанската јавност. Имено, Пандев утревечер ќе го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во дресот на македонската репрезентација, во неделата беше најзаслужен за победата над Јувентус, претходно дојде до 400-тиот меч во италијанската Серија А, а денеска специлизараниот интернет-портал Goal.com му донесе ново големо признание.
Пандев е избран во идеалниот тим на Интер кој е составен од играчи кои излегле од неговата академија.
Така капитенот на македонската репрезентација се најде во друштво на вистински фудбалски икони како Валтер Ѕенга, Сандро Мацола, Џакинто Факети, Џузепе Бергоми, Рикардо Фери и Габриеле Ориали.

Горан Пандев како 16-годишно момче од струмичка Беласица, заедно со Аце Стојков премина во младинската академија на Интер. По две години, како дел од младинскиот тим на Интер, тој замина на калење кај нисколигашите Специја и Анкона, за во 2004 година да пристигне во Серија А како член на Лацио. Во римскиот тим играше шест сезони и во 2010 година се врати во Интер. Врвот на кариерата на Пандев е токму 2010 година, кога како дел од Интер успеа да триумфира во Лигата на шампионите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close