Душан Булут - Кошаркар - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Душан Булут - Кошаркар - Фото Слободен печат - Методи Здравев

🎙️СПорткаст EП18 | Булут: Кошарката ни беше замена за интернет и телевизија во 90-тите

Погледнете ја осумнаесеттата епизода а воедно и последна од првата сезона на СПорткаст на „Слободен печат“. Гостин на водителот Стефан Крстески е Душан Домовиќ Булут, светска икона на 3х3 кошарката.

Со некогаш најдобриот 3х3 играч, разговаравме за неговото детство, за првиот контакт со кошарката, за играчката кариера. Булут раскажа зошто баш улична кошарка, за животот во 90-тите за време на распадот на Југославија, за учеството на првите баскет турнири. Мистер Bulletproof, пред камерите на „Слободен печат“ ги искажа импресиите од македонското национално 3х3 првенство, Red Bull Half Court во организација на Ред Бул Македонија, и имаше само пофални зборови за квалитетите на македонските 3х3 играчи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот