„Звучи како да пушела цигари 10 години“: Божиќниот хит всушност го испеало мало девојче

Бренда Ли / Фото: Скриншот/Јутјуб

Празничниот период не може да биде целосен без божиќните песни, кои може да чујат на секој чекор.

Една од најпознатите божиќни песни е и „Rockin’ Around the Christmas Tree“, а фактот дека пејачката Бренда Ли ја извела оваа песна на 13-годишна возраст беше вистинско изненадување за многумина.

Инфлуенсерката Хејли Калил неодамна ја сподели оваа информација со своите три милиони следбеници и предизвика големо неверување кај нив.

„Тоа е 13-годишно девојче, кое звучи како да пиела и да пушела цигари десет години, поминала низ развод и сега ужива во шопинг и гледање документарни филмови за вистински криминал“, „Дали јас сум единствениот што мислел дека ова го пее маж?“, „Нема шанси. Ова не е 13-годишно девојче“, „Јас цело време си замислував средовечна жена“, „Шокирана сум, невозможно е да е дете“, се само дел од коментарите.

Пејачката Бренда Ли денес има 78 години, а своите први песни ги снимила на само 11 години. Инаку, песната „Rockin’ Around the Christmas Tree“ ја напиша Џони Маркс, а Ли ја сними во 1958 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот