Алкараз се радуваше во финалето со Зверев на Ролан Гарос 2024. EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Зверев: Сакам грен-слем титула и да ги стигнам Алкараз и Синер

Германецот има амбиција, а на патот за остварување му стојат Шпанецот и Италијанецот

Времето на големата тројка Ѓоковиќ – Надал – Федерер, која долги години владееше во тенисот, е минато.

Нова голема тројка се воспоставува, тоа се Јаник Синер, Александар Зверев и Карлос Алкараз, моментно на највисоките три места на АТП листата.

Зверев (27) сепак е под Синер и Алкараз, затоа што се уште нема освоено ниеден грен-слем иако играл на три финалиња.

Алкараз (21) веќе има четири грен-слем титули, Синер (23) има три.

Желбата на Зверев да освои грен-слем е голема.

– Сите знаете колку сакам да бидам грен-слем шампион и светски рекет број еден. Знам дека за да го постигнам тоа, ќе морам да се борам со Алкараз и со Синер бидејќи има работи кои тие ги прават подобро од мене. Морам да еволуирам во овие аспекти за да ги остварам моите соништа во светот на тенисот – вели Германецот.

Зверев моментно настапува на турнирот Рио АТП 500, а за влез во полуфиналето утре ќе се сретне со Франциско Комесана од Аргентина (86, АТП).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот