
Зошто сите туристи зборуваат за кафето од Грција? Откриена тајната од островот на стогодишниците!
Грчкото кафе од островот Икарија е најпознатиот пијалак меѓу жителите и туристите. Зошто е тоа толку посебно?
Препорачано
Кафето е напивка која за многумина е составен дел од утрото. Научниците од Медицинскиот универзитет во Атина открија дека пиењето кафе не само што може да дејствува стимулирачки, туку и да има благотворен ефект врз нашето здравје и на животниот век. Тајната е во специфичниот вид на кафе и начинот на кој се подготвува.
Жителите на грчкиот остров Икарија се познати по својата долговечност, т. н. островот на стогодишници – секој трет од нив живее и над 90 години. Научниците одлучија да го истражат влијанието на секојдневното консумирање на традиционалното грчко кафе врз нивното здравје. Во истражувањето учествувале 142 луѓе кои цел живот живееле на островот Икарија. Се покажало дека дури 87 отсто од нив секојдневно пиеле традиционално кафе сварено на грчки начин.

Истражувањето, кое беше објавено во списанието „Васкуларна медицина“ (Vascular Medicine) покажа дека редовното консумирање кафе позитивно влијае на функцијата на ендотелот – структурата одговорна за системот за коагулацискиот систем и пропустливоста на васкуларните ѕидови. Покрај тоа, грчкото кафе е богато со полифеноли, кои имаат антиоксидантни својства. Исто така, содржи и хлорогенска киселина и дитерпени, кои имаат антивоспалителни својства.

Како да го подготвите грчкото кафе?
Сè започнува со специјален лонец (ѓезве) за кафе – направен од бакар. Ова на кафето му дава својства кои ги „убиваат“ бактериите, вирусите и габичките. Во лончето сипете убово мелено грчко кафе и шеќер или мед. На секои 60 мл вода додадете по една лажичка кафе и засладете по ваш вкус. Потоа варете на тивок оган додека на површината не се формира густа пена. Ова значи дека кафето е подготвено. Некои луѓе подолго го оставаат лончето (ѓезвето) на оган, што ја намалува количината на течност и го прави кафето посилно. Други му додаваат млеко или го пијат ладно.
Дали ова значи дека пиењето кафе секој ден може да биде тајната на долговечноста? Научниците од Медицинскиот универзитет во Атина нагласуваат дека пиењето кафе во умерени количини има многу здравствени придобивки, вклучувајќи го и намалувањето на ризикот од срцев и мозочен удар и дијабетес тип 2.
