
Зошто нема квота за Бугари во институциите? – прашува македонскиот Бугарин Митрев
Претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство, Добре Митрев прашува зошто во македонските институции нема некој што е примен на работа како Бугарин.
Препорачано
-Ако Бугарите влезат во Уставот, ќе имаме право на сите бенефиции од македонската држава. Ние немаме ниту еден вработен по квота како националност. Еве, на пример, нема Бугарин судија, информира Митрев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Тој додаде дека на пописот се попишал како Бугарин и немал проблеми со тоа, иако имало одредени нерегуларности при целиот процес.
-Попишувачите ги прашувале граѓаните кои сакаат да се декларираат како Бугари, дали имаат државјанство или бугарски пасоши. Дали пасошот е доказ за да се попишете како сакате? Има поплаки и поднесени се до ДЗС, но сѐ уште нема реакција. Ќе ги видиме резултатите, ќе покаже времето, рече Митрев, додавајќи дека пописот бил фарса и смета дека резултатите од него нема да бидат релевантни.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
40мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5