
Зошто некои луѓе нè привлекуваат „како магнет“? Тајната лежи во овие фактори!
Привлечноста е многу тешко да се објасни. Понекогаш дури и самите не знаеме што нè привлекло кај некоја личност или зошто не можеме да престанеме да мислиме на неа. Уште поинтересно е тоа што личноста што целосно нè окупира можеби воопшто не ѝ е интересна на нашата пријателка – напротив, можеби ѝ е и одбивна. Привлечноста е индивидуална работа. Врз неа влијаат бројни фактори, а кога тие ќе се совпаднат, се создава хемија, а од таму понатаму сè се развива природно, пишува „Жена“.
Препорачано
Клиничката психотерапевтка и сексуална едукаторка Лиса Лолес за „Инсајдер“ вели дека привлечноста е сложен феномен кој вклучува визуелни стимули, мириси, хормони, генетика и еволутивни фактори.
„Важно е да се нагласи дека физичкиот изглед претставува само еден аспект од личноста. Тој не ја дефинира како човеково суштество, ниту пак одредува дали ќе ѝ бидеме привлечни на некого или не“, објаснува Лолес.
Во продолжение, откриваме 12 биолошки фактори кои играат улога во привлечноста, односно одредуваат дали некој ќе ни се допадне и дали ние ќе му бидеме привлечни на некого.
1. Мирис
Истражување од 2018 година, објавено во списанието „Proceedings of the Royal Society B“, покажало дека одредени женски мириси се многу привлечни за мажите. Притоа, не станува збор за парфеми, туку за природниот мирис на женското тело во одредени моменти од менструалниот циклус, особено за време на овулацијата.
„Жените со високо ниво на естроген и ниско ниво на прогестерон се најпривлечни по мирис за мажите“, вели Дарија Кноч, водителка на истражувањето.
Оваа хормонска рамнотежа укажува на висока плодност. Од еволуциска перспектива, тоа значи дека е поголема веројатноста жената да може да има деца, па поради тоа им е подолго привлечна на мажите. Стручњачката за врски Жаклин Феј за „Инсајдер“ додава дека мирисите можат да потсетат на убави минати времиња, па дури и да асоцираат на нешта што не се романтични – на пример, мирис на бензин кој потсетува на моменти поминати во гаража со таткото во детството.
2. Вкус
При бакнување, луѓето разменуваат околу 80 милиони бактерии, но тоа не ги спречува да го прават. Освен што бакнувањето поттикнува лачење на окситоцин, вкусот на партнерот исто така игра улога во биолошката привлечност.
„Бакнувањето ти овозможува да ја почувствуваш миризбата и вкусот на другата личност и (подсвесно) да ја провериш твојата имунолошка реакција на неа. Попривлечни ни се луѓе со различен имунолошки систем од нашиот“, објаснува Сара Џонс, еволутивна психологија од Универзитетот во Кент, за „Индепендент“.
3. Исхрана
Според мало истражување од 2017 година, пренесено од „Инсајдер“, хетеросексуалните жени повеќе ги привлекува мирисот на потта на мажи кои јадат повеќе овошје и зеленчук, отколку на оние што претежно консумираат рафинирани јаглехидрати како леб и тестенини.
Во експериментот, мажите вежбале во чисти памучни маици без мирис додека не се испотеле. Потоа, жените ги мирисале маиците и ги оценувале според привлечноста. Мажите со поздрава исхрана имале попријатен мирис.
4. Плодност
Хормоните имаат голема улога во привлечноста. Истражување објавено во Hormones and Behavior покажало дека мажите ги сметаат жените за најпривлечни токму во периодот на овулација. Во тоа време, нивните лица изгледаат поубави, а гласот им е попривлечен.
5. Хормони
Некои истражувања покажуваат дека рамнотежата на хормоните влијае врз привлечноста. На пример, мажите со повисоко ниво на тестостерон повеќе ги привлекуваат жени со попрецизни женствени црти на лицето – големи очи, високи веѓи и помала вилица. Сепак, тие немаат поголема привлечност за жените во споредба со мажи со пониско ниво на тестостерон.
Иако тестостеронот е познат како машки хормон, го имаат и жените. Тој влијае врз либидото кај двата пола – колку повеќе тестостерон, толку поголем сексуален нагон.
6. Љубезност
Луѓето ги привлекуваат добри и љубезни партнери. Алтруизмот е особина што нашите предци ја ценеле кај партнерите, бидејќи добрите луѓе биле посветени партнери и родители.
7. Глас
Жените претпочитаат мажи со подлабок глас, особено пред овулација. Истражувања покажуваат дека подлабоките гласови се поврзуваат со поголемо здравје и физичка доминација.
8. Сличност
Истражувањата покажуваат дека нè привлекуваат луѓе што личат на нас – и физички и по личност. Дури и одредени карактеристики што ги имале нашите родители при нашето раѓање може да влијаат врз тоа кој ни е привлечен.
9. Различност
Истовремено, привлечноста може да се заснова и на спротивностите. Некои луѓе интуитивно избираат партнери со различни генетски карактеристики, бидејќи тоа носи генетска разноликост и поздрава иднина за потомците.
10. Зрелост
Сoзревањето носи подобро разбирање на себе и на тоа што бараме во партнерот. Луѓето со текот на времето повеќе се фокусираат на карактерот отколку на физичкиот изглед.
11. Црти на лицето
Симетријата и „просечните“ црти на лицето често се сметаат за најпривлечни. Ова е поврзано со еволутивната предност на избирање партнери со генетска стабилност.
12. Сложеност на привлечноста
Привлечноста не е само физички изглед – таа е комбинација од многу фактори. Понекогаш таа расте со текот на времето, а понекогаш исчезнува како што ја запознаваме личноста.