Фото: Freepik

Зошто луѓето се лажат себеси? Психолозите велат, постојат 4 принципи на самоизмама

Дали некогаш сте се излажале себеси затоа што ви било тешко да ја поднесете вистината? Според истражувањето објавено во списанието „Philosophical Psychology“, не сте сами. Всушност, се чини дека оваа појава е доста вообичаена и сосема предвидлива, а психолозите идентификуваат четири принципи на самоизмама, пренесува „Сенса“.

Ова се четирите фази:

1. Преуредување на своите уверувања

Првата стратегија за самозалажување опишана од психолозите е реорганизација на верувањата, што во суштина значи да се убедите себеси во нешто, поточно, да се убедите во она што вие сакате да биде вистина.

На пример, ако таткото е убеден дека неговиот син е добар ученик, а неговиот син добива лоши оценки, тој ќе кажедека предметот не е важен или дека наставникот не го објаснил добро материјалот.

2. Избор на факти преку свесно дејствување

Следната стратегија е „избор на факти преку свесно дејствување“. Ова вклучува избегнување луѓе, места и/или работи кои би можеле да предизвикаат когнитивна дисонанција преку прикажување на факти кои се во спротивност со вашите верувања. Во гореспоменатиот пример со таткото и синот, оваа стратегија може да изгледа како таткото да го прескокнува родителскиот состанок.

3. Сомнежи за кредибилитетот

Лесно е да се сомневате во некого или нешто кога го поткопувате неговиот кредибилитет, па тоа е третата стратегија идентификувана во истражувањето. На крајот на краиштата, ако нема јасен доказ, визуелен (или на друг начин опиплив) доказ, полесно е да се негира проблематичната вистина.

4. Создавање факти од нејаснотија

И, конечно, го имаме она што истражувачите го нарекуваат „генерирање факти од двосмислени состојби на работите“. Тоа вклучува погрешно толкување на ситуацијата на начин кој функционира многу погодно со приказната што веќе сте ја смислиле во вашата глава.

На пример, ако љубезен наставник по математика нежно сугерира на таткото дека неговиот син има потешкотии со учењето, а таткото би очекувал јасна изјава во случај на проблеми, тој може да ја толкува значајната љубезност и нежниот опис на професорот како позитивна оценка за способностите на неговиот син.

Зошто луѓето се лажат себеси?

Покрај тоа што сакаат да ги разберат методите што ги користиме за да се лажеме себеси, психолозите исто така сакаат да откријат зошто го правиме тоа. И која е нивната теорија? Самозалажувањето ја зачувува нашата слика за себе и ни помага да останеме мотивирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот