
Зошто е добро да имате активен јаглен дома
Активниот јаглен се добива со согорување на дрвенести материи и нивно третирање со кислород, со што јагленот станува порозен и способен да ги врзува хидрофобните токсини и мирисите од гасовите и течностите.
Препорачано
Традиционално се користи за отстранување на отровите и хемикалиите од телото, па и денес се користи во медицината при лекување на некои случаи на труења и предозирања со друга.
Освен за ублажување на стомачните проблеми како што надуеност, гасови и дијареја, во последно време активниот јаглен сѐ почесто се користи и како состојка за маски за лице, паста за заби, сапуни и слично.
Активниот јаглен се користи и за лекување животни – ако вашиот домашен миленик бил изложен на токсични материи, пред да посетите до ветеринар, употребете активен јаглен за барем делумно да ја намалите апсорпцијата на токсините.
Активниот јаглен се смета за најефикасен поединечен агенс во светот. Може да се користи откако некое лице ќе проголта отровна хемикалија, така што организмот не апсорбира ништо од отровите. Тој се користи за итна деконтаминација во гастроинтестиналниот тракт, во кој спаѓаат желудникот и цревата.
Се проценува дека овој благотворен црн прав ја намалува апсорпцијата на токсичните материи и до 60 отсто. Ова го прави со врзување на отровната супстанција, со што ја намалува нејзината токсичност, по целата должина на желудникот и тенкото и дебелото црево.
Активниот јаглен за стомак често се применува по испумпување на желудникот. Овој метод е ефикасен само ако се изведе веднаш по голтањето на отровната супстанција (во рок од половина час) и нема ефект како црн јаглен, ако отровот оди понатаму од стомакот.
Лек за мамурлак. Дали имавте бурна ноќ, сте се опуштиле и сте испиле премногу алкохол? Тогаш сигурно многу добро знаете што е мамурлак. Главоболката, мачнината и општата слабост траат се додека има вишок алкохол во крвта, дури и кога ќе престане чувството на опиеност. За самиот мамурлак не е толку заслужен алкохолот, колку сите оние други состојки во алкохолните пијалаци кои им ја даваат аромата, мирисот, бојата и слично.
За елиминирање на алкохолот е задолжен црниот дроб кој го разградува, а за елиминирање на другите токсини одличен е активниот јаглен.