Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ЗОИ Пекинг 2022: Холанѓанката Вуст со неверојатен рекорд, златни медали на пет олимписки игри
Натпреварувачката во брзо лизгање, Холанѓанката Ирен Вуст стана првата личност која освоила поединечен златен медал на пет различни олимписки игри со тоа што успеа да ја сочува својата титула на 1.500 метри на ЗОИ Пекинг 2022 година.
Препорачано
Холанѓанката постави олимписки рекорд од една минута и 53,28 секунди и ја победи Јапонката Михо Такаги, а трета беше сонародничката на Вуст, Антоанета де Јонг.
Тоа е исто така рекорден 12. олимписки медал во брзо лизгање за 35-годишната Вуст, кој ќе се пензионира следниот месец.
– Тоа е лудо. Многу емоции, особено добрите – им рече таа на новинарите.
Вуст, која сега на своето конто има шест олимписки златни медали, исто така ќе настапи и на 1.000 метри на ЗОИ Пекинг па може да ја зголеми својата неверојатна колекција олимписки медали.
Таа дојде на Игрите во Пекинг рангирана на седмото место на Светскиот куп, а светската рекордерка Такаги се сметаше за фаворитка. Но, најнаградуваната холандска олимпијка (мажи и жени), која исто така победи на 1.500 метри на ЗОИ во Ванкувер 2010 година, го постави најдоброто време, а Јaпонката не успеа во обидот да ја надмине.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
52мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5