Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ЗНМ жестоко го осудува нападот над новинарскиот тим кој известуваше од запалената депонија во Визбегово
Од Здружението на новинари на Македонија информираат дека најостро го осудува физичкиот напад кој се случи денеска на дивата депонија во Визбегово, против новинарскиот тим на телевизијата АЛСАТ-М, кој на терен известувал за големиот пожар чиј црн чад можеше да се забележи низ цело Скопје.
Препорачано
Како што велат од ЗНМ, новинарот Авни Тахири и камерманот Шенол Хајредини биле физички нападнати од сопственикот на депонијата кој насилно го зел телефонот на новинарот Тахири и го фрлил во оган.
„Според информациите од колегите, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот. Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на новинарот Тахири и го фрлил во огнот, а снимателот Шенол Хајредини бил исто така нападнат и му била скршена камерата. Лицето е уапсено од страна на Министерството за внатрешни работи, а случајот е пријавен во МВР“, велат од Здружението.
Оттаму додаваат дека се во комуникација со одделите во МВР и ОЈО за заштита на новинарите и медиумските работници и соопштија дека очекуваат брза и ефикасна истрага од институциите со соодветна казна за насилникот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
15мин
-
15мин
-
27мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5