фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Жоао Феликс би можел да направи трансфер во редовите на Астон Вила

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, не сака големи промени за време на кој било преоден рок, но тој ќе мора уште еднаш да ја освежи својата напаѓачка линија откако Ал Итихад даде понуда од 60 милиони евра за напаѓачот Муса Диаби која беше прифатена од клубот, пренесува „Гардијан“. Лекарските прегледи веќе се закажани за крајот на оваа недела.

Напаѓачот, кој минатото лето беше купен од Баер Леверкузен за 55 милиони евра, постигна 10 гола и запиша девет асистенции на 54 натпревари, а на Вила Парк чувствуваат дека им треба напаѓач од врвна класа за Лигата на шампионите.

Затоа Емери веднаш стапи во контакт со Жоао Феликс кој по завршувањето на позајмицата во Барселона мора да се врати во Атлетико Мадрид. Каталонците не можат да се договорат со „јорганџиите“ околу купувањето, иако се чини дека се откажаа од тоа, со оглед дека фокусот им е да го доведат Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, а за тоа ќе им требаат многу пари. .

Цената за Астон Вила и Барселона не е иста, сигурно клубот од главниот град на Шпанија ќе гледа да извлече што повеќе од вложените 120 милиони евра во 2019 година. Сепак, цената на Феликс е драстично намалена во последните две сезони, па англиските медиуми истакнуваат дека Астон Вила се надева дека ќе го ангажира играчот за 30 до 40 милиони евра.

Жоао Феликс ја вкуси Премиер лигата играјќи за Челси шест месеци. Иако тоа беше најхаотичниот период за клубот во последните 20 години, Португалецот постигна четири гола на 20 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот