Жител на виничко силувал малолетно девојче, полицијата го уапси

26-годишен жител на виничкото село Градец е уапсен поради сомнение дека силувал малолетно девојче, соопшти полицијата.

„На 11.10.2022, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода В.С.(26) од с.Градец, виничко, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба над малолетничка. Поднесена е кривична пријава против В.С. до ОЈО Кочани, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој е спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Куманово“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот