мачка вилоу
Фото: Profimedia

Жител на Ѓорче пукал со воздушна пушка во мачката на комшијата, полицијата го повика на разговор

Вчеравечер жител на Ѓорче Петров бил повикан во полиција, откако негов тројно помлад сосед го пријавил дека со воздушна пушка му пукал во мачката – домашен миленик, соопшти МВР.

„На 08.11.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров при СВР Скопје извршиле службен разговор со М.Т.(67) од Скопје затоа што околу 14.30 часот со воздушна пушка пукал кон мачка-домашен миленик, сопственост на Ф.Л.(22) од Скопје“, се вели во полициското соопштение.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветена пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот