Жичницата од утре со еден час подолго работно време

Од утре жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Како што информираат од Град Скопје, согласно одлуката за возен ред за април, последното возење од долу кон врвот ќе биде од 17 до 17.30 часот , а во 17.45 часот е последно возење од врвот на Водно надолу.

После речиси двегодишна пауза поради мерките за заштита и превенција од Ковид 19, Жичарницата повторно се пушти во употреба на 30 декември 2021 година. Oттогаш до денеска, продадени се вкупно 48.544 билети, а најголема посетеност е регистрирана во јануари, односно продадени се 23.598 билети. Притоа, треба да се има предвид дека посетеноста е поголема од бројот на продадени билети со оглед на тоа дека превозот за деца до 6 години е бесплатен – информираат од Град Скопје.

Согласно ковид протоколите, во кабина е дозволен превоз до четири лица и задолжително е носење на заштитна маска. Повратен билет чини 100 денари, а на дозволен е и превоз на домашни миленичиња за што на услуга се отстапуваат транспортери. Жичницата не работи во понеделник и секој последен вторник во месецот.

Во функција се повторноа и трите автобуски линии до Средно Водно со броевите 25, 25А и 25Б, кои за време на викенди и државни празници се бесплатни за сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот