Фото: Pexels

Жените во овој хороскопски знаци се алфа: Тие се неверојатно силни и љубат како никоја друга

Алфа жена – амбициозна, дисциплинирана, организирана, трпелива, одговорна, практична, одлучна, фокусирана на целта и навистина среќна само кога ќе ја постигне. Таа е сè ова и уште повеќе, пишува „Атма“.

Жената Јарец е неверојатно силна жена. Како типична претставничка на земјените знаци, таа цврсто стои на земја и не е склона кон непотребни фантазии – живее во реалноста и од неа го зема максимумот. Со својата непоколеблива амбиција и потреба секогаш да оди напред, често ги остава сите зад себе. А скршнување од патот што си го зацртала – речиси е невозможно.

Знаете ли пред кого стоите? Бидете сигурни дека ќе „клекнете“ пред неа, и тоа доброволно, штом сфатите со каква дама имате работа. Она што на просечен маж би му ја скршило кичмата, таа ќе го изнесе ненаметливо и достоинствено. Ако сте ѝ партнер, ќе се запрашате дали воопшто сте достојни за неа.

Но, ако таа заклучи дека сте вредни, љубовта со неа ќе трае долго и стабилно. Ќе ја одржува пламенот на нејзината одговорност, посветеност и должност. Со неа, секојдневно незабележливо ќе станувате подобри, додека еден ден не сфатите дека сте се претвориле од „жаба“ во принц кој ужива респект и авторитет од сите околу себе.

Жената Јарец е подготвена да ги преброди сите животни проблеми. Колку и да е тежок проблемот, таа ќе остане собрана и мирна, веднаш барајќи решение. Може да изгледа студена и резервирана, но зад тој фасад се крие жена со одлична смисла за хумор, која копнее по сигурност.

За неа љубовта е сериозна работа. Не губи време на безвредни флертови. Кога сака – сака засекогаш. Нејзината љубов не ја рушат ниту времето, ниту растојанијата. Таа му е потпора на партнерот во најтешките моменти, но никогаш не ја губи својата независност.

Совршени партнери за неа се Бикот и Девицата, кои знаат да стигнат до нејзиното срце и да ја разоткријат нејзината топла суштина, како и Ракот, кој може целосно да ги задоволи нејзините емотивни потреби. Добро се сложува и со Скорпија.

Жената Јарец освојува со својата класична убавина – високи јаболчници, елегантна фигура, длабоки очи и тенок врат. Има пропорционално тело, силна физичка издржливост, убави нозе и брз, сигурен чекор. Косата ѝ е најчесто потемна, свиленкаста, а нејзината насмевка постојано добива комплименти. Таа изгледа свежо и помладо од своите години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот