
Жените низ времето: Голем ден за женскиот глас, починала Вера Циривири – Трена, а се родиле Ангела Меркел и Емелин Панкхурст
15. 7.1944 – На 24-годишна возраст починала Вера Циривири – Трена, партизанка, една меѓу првите која се приклучила на НОБ, ќерка на големите бунтовници и патриоти Васка и Коста Циривири. Пред да ги затвори засекогаш очите, погодена од куршум, извикала „Ние ќе победиме!“, а веднаш потоа се самоубила за да не падне во рацете на непријателот. Мртвото тело на Вера Циривири – Трена било избодено и фрлено во Брегалница, а било најдено од овчар кој ја погребал покрај брегот. По војната, телото на Вера е повторно погребано со високи државни почести.
Препорачано
15. 7. 1858 – Родена е Емелин Панкхурст, британска политичка активистка, организаторка на движењето на суфражистките. Животот го посветила на бранење на правата на жените, била лидерка на британското движење за гласање, а одиграла важна улога во борбата за право на глас на жените. Нејзините три ќерки Силвија, Адел и Кристабел ги продолжилe нејзините активности.
16. 7. 2019 – Европскиот парламент ја избра Урсула фон дер Лајен за прва жена претседател на Европската комисија.
View this post on Instagram
17. 7. 1954 – Во Хамбург, во семејство на интелектуалци, родена е Ангела Меркел, германска канцеларка. Била родена со име Ангела Каснер; Меркел е презиме на нејзиниот прв сопруг. Семејството Каснер живееле на околу 80 километри од Берлин и имале дозвола за слобода на движење, како во рамките на Источна Германија, така и подоцна, во Западна Германија; поседувале и два автомобила, што било луксуз за тоа време. Се школувала на Универзитетот во Лајпциг, насока Физика; потоа станала истражувач на Централниот институт за физичка хемија на Академијата на науките во Источен Берлин, каде што се стекнала со докторат за квантна хемија. До крајот на 70-те години, идната канцеларка не покажала посебни интереси за политика, туку цели 15 години се посветила на науката. На само 23 години се омажила за колегата Улрих Меркел, а бракот траел четири години. Вистинската љубов пристигнала во средината на 1980-те: со професорот Јоаким Зауер, светски познат хемичар. Во 1989 година, по падот на Берлинскиот ѕид, Ангела Меркел се вклучила во движењето „Народот сме ние“, а една година подоцна била назначена за портпарол на владата на Германската Демократска Република. Во 1994 година станала министерка за животна средина, позиција што ѝ обезбеди голема видливост, овозможувајќи му на светот да го запознае нејзиниот политички талент. По поразот на Хелмут Кол на изборите во 1998 година, Ангела Меркел беше избрана за генерален секретар, а две години подоцна и за претседател на нејзината партија, станувајќи прва жена што ја извршува таа функција. Првата влада предводена од Меркел е формирана во 2005 година.

18. 7. 1976 – Светски познатата гимнастичарка Надја Команечи, оствари совршена десетка на Олимпијадата во Монтреал, станувајќи прва гимнастичарка која добила резултат 10 во олимписка гимнастичка дисциплина. За животот на Надја Команечи прочитајте во рубриката Чудесни жени.
View this post on Instagram
20. 7. 1939 – Родена е Џуди Чикаго, американска сликарка. Позната како една од водечките претставнички на феминистичката уметност, како и по големите уметнички инсталации кои ја истражуваат улогата на жените во историјата и културата. Терминот феминистичка уметност ѝ се припишува токму на неа, бидејќи ја основала првата феминистичка уметничка програма во САД.