Фото: Статуа Гргур Нински, Сплит/Twitter

Жена во Сплит истури канта измет врз чудотворната статуа на Гргур Нински: Тоа е Сатана! (ВИДЕО)

Огромната бронзена статуа на Гргур Нински во Сплит е дело на врвниот хрватски скулптор Иван Мештровиќ и важи за чудотворна па туристите го тријат нејзиниот ножен палец за среќа.

Жена во попладневните часови истури канта измет врз статуата на Гргур Нински во Сплит.

Сплитската полиција добила дојава за напад со измет врз кипот околу 16 часот, а после инцидентот таа е однесена да прими лекарска помош.

Како што објави Далмација данас, жената се врткала околу статуата и неколку дена пред тоа, а зошто, никој не знае. Очевидец вели и дека плукала по него и ја споменувала сатаната. Рекла дека е од Далматинска загора, но по говорот не можело да се заклучи тоа.

-Вчера шеташе околу Гргур и плукаше по него. Јас ја спречував, а таа мене ми рече дека тоа е Сатаната. Пред половина час, 40 минути дојде и излеа кантичка од 2 литра измет по палецот и потоа со раце го размачка насекаде, во висина на човек. Се обиде да побегне, ама ја фативме, вели очевидец.

Луѓето повикале полиција, направен е увид, а полицијата повикала пожарникари, но до тогаш веќе била измиена. Странците се згорзувале, зошто почнало да смрди. Пожарникарите и лицата од градската чистота добро ја испрале, пишува Далмација данас.

Први кои прискокнале и почнале да ја чистат статуата биле продавачите од штандовите недалеку од Гргур Нински.

Инаку, огромната бронзена статуа на Гргур Нински во Сплит е дело на врвниот хрватски скулптор Иван Мештровиќ и важи за чудотворна па туристите го тријат нејзиниот ножен палец за среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот