
Жена пријавила фирма која на оглас за финансиски менаџер забранила да аплицираат мажи
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација во оглас за финансиски менаџер, објавен на Вработување.мк од скопска фирма. Во огласот, како што пишува Сакам да кажам, било наведено дека се бараат исклучиво жени на возраст од 24 до 40 години, кои немаат деца, не планираат да имаат или немаат новороденчиња, како и жени кои не се на студии.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По претставка од една жена, која укажала на дискриминација и по основ на пол и возраст, КСЗД утврди дека станува збор за директна дискриминација врз основа на пол, мајчинство, семејна и брачна состојба.
Фирмата, според Комисијата, тешко го повредила Законот за работни односи. Ѝ е наложено во иднина да се воздржува од вакви огласи, во спротивно ќе биде дадена на суд.
Подносителката на претставката навела дека возраста и родителскиот статус не можат да бидат критериум за професионалност. Таа посочила и дека условите создаваат непријателска работна средина и недоверба кон родилки или жени што сакаат да го продолжат образованието.
Од фирмата во одговорот до КСЗД навеле дека немале намера да дискриминираат, туку сакале да го опишат „идеалниот профил“ на кандидатка за вработување.
Целата одлука на КСЗД е достапна на следниот линк.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
14мин
-
16мин
-
16мин
-
19мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5