фото: EPA-EFE/Ian Langsdon

Жан-Клер Тодибо ќе биде најбараниот дефанзивец во зимскиот преоден рок?!

Зимскиот преоден рок е генерално многу „потивок“ отколку за време на летниот, а јануари 2024 година може да го одбележи францускиот фудбалер Жан-Клер Тодибо.

Одбранбениот играч на Ница е на мета на неколку премиерлигаши, а прв во низата е Тотенхем. Но, и менаџерот на Челси, Маурисио Покетино го посакува во своите редови.

Лондонските „сини“ дефинитивно ќе мора да ја освежат одбраната, Беноа Бадијашил ја загуби довербата на Покетино, не може да се каже дека Дисаси беше вистински хит, па можеби тоа ќе биде Тодибо.

Не треба да заборавиме дека со Французинот контактираше и Манчестер јунајтед, па се чини дека поранешниот ас на Барселона ќе биде меѓу најбараните дефанзивци оваа зима.

Инаку, Ница според договорот со Барса од следниот трансфер треба да им плати 20% на Каталонците кои според проценките би можеле да бидат и до 40 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот