Зголемени антисемитските инциденти во Германија откако Хамас го нападна Израел

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Групата која го следи антисемитизмот во Германија вели дека документирала драстично зголемување на антисемитските инциденти во земјата во месецот откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври и тоа за 320 отсто.

Групата РИАС вели дека регистрирала 994 инциденти, што е во просек 29 инциденти дневно и зголемување од 320% во споредба со истиот временски период во 2022 година, објави Асошиетед прес.

Групата го разгледа временскиот период од 7 октомври до 9 ноември.

Инцидентите опфатија три случаи на екстремно насилство, 72 случаи на насочено оштетување на имотот и повеќе од 800 случаи на навредливо однесување. Во еден од најлошите инциденти, во средината на октомври беше нападната синагога во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот