Земјите-членки на ЕУ добија насоки за делумна суспензија на безвизниот режим со Русија

ФОТО : Архива

 Европската Комисија им поднесе насоки на земјите-членки на ЕУ како да ги имплементираат одлуките за делумна суспензија на безвизно патување на одредени руски граѓани.

Ова е дел од рестриктивните мерки на ЕУ против војната на Русија во Украина.

Делумната суспензија на безвизниот режим се однесува на одредена категорија руски граѓани само, како членови на Vладата, блиски до режимот, членови на локални власти и на судови, дипломати и бизнисмени.

Како што објаснува Европската Комисија лицата засегнати од оваа суспензија нема да имаат повеќе привилегиран пристап до ЕУ, ќе треба да ги поднесат бараните документи и да ја платат полната цена за виза од 80 евра без исклучок. Комисијата тврди дека ова нема да ги засегне обичните граѓани на Русија, за нив продолжуваат да важат одредбите од договорите за олеснето патување во ЕУ. Но, обичните руски граѓани се соочени со речиси целосно отсуство на достапни летови за ЕУ.

Насоките објавени денеска имаат за цел да им ја олеснат работата на конзуларните претставништва на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот