Зеленски вечерва пристигнува во Тирана, каде ќе учествува на дводневнот самит Украина-Југоисточна Европа

Зеленски и Рама / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Во следните два дена Тирана ќе биде домаќин на дводневнот самит Украина-Југоисточна Европа.

Првиот ќе се одржи утре, на 28 февруари, кога за првпат во земјата ќе се организира самит посветен на Украина, на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечер треба да пристигне во албанскиот главен град.

Вториот ден од самитот, на 29 февруари ќе биде посветен на планот за економски раст на регионот, забрзување на реформите и вложување инвестиции кои можат да го унапредат процесот на проширување на Европската унија со овие земји. На оваа средба ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

-Претставник на Косово ќе биде претседателката Вјоса Османи, која за Еуроњуз го потврди своето присуство во Тирана за време на двата дена на самитот. Од Србија ќе присуствува претседателот Александер Вучиќ. На самитот за Украина преку видео порака ќе се обрати и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додава телевизијата.

Според истиот извор, центар на случувањата ќе биде Конгресната палата, место каде сите лидери прво ќе ги пречека премиерот Еди Рама, потоа на ред ќе дојдат седниците кои ќе будат затворени за јавноста, а на крајот на денот се очекува да има конференција за медиумите.

Поради самитот и посетата на Зеленски, безбедносните мерки во Тирана подигнати се на највисоко ниво. Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност, Ребани Јаупи, денеска информираше дека мерките ќе почне да се спроведуваат од денеска, за што ќе бидат ангажирани над 1600 полициски сили од сите структури, потоа единицата за брзо распоредување, специјалната единица „РЕНЕА“, националната гарда и други структури.

Според него на меѓународниот аеродром во Тирана веќе се припадниците на секторот за антитероризам, припадници на тајната служба, ШИШ и РЕНЕА за да ја проверат безбедноста на аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот