Зеленски потпиша декрет со кој им се дозволува на странци да служат во Националната гарда на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се дозволува странци и лица без државјанство да служат во Националната гарда на земјата, јави денеска Укринформ.

Агенцијата дополнува дека уредбата стапи во сила вчера, со денот на објавувањето.

Според одобрените правила, странците кои легално живеат во Украина, не биле претходно осудувани и ги исполнуваат условите за воена служба, дефинирани во Законот „За воена должност и воена служба“ можат да бидат примени како волонтери (со договор) за воена служба во Националната гарда на Украина.

Странските државјани примени на воена служба подлежат на задолжителен лекарски преглед од воено-медицинска комисија во здравствена установа на Министерството за внатрешни работи на Украина, стручна и психолошка селекција и мора да ги исполнуваат стандардите за физичка подготвеност утврдени од Министерството за внатрешни работи.

Странските жени може да бидат примени на воена служба со договор ако има празни воени места што можат да ги пополнат жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот