Зеленски го потпиша новиот Закон за мобилизација, сите мажи можат да се приклучат во војна, нови казни за избегнување воена служба

Украински војници/ Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го потпиша новиот закон со кој се менуваат правилата за мобилизација, јавија британските медиуми, повикувајќи се на веб-страницата на парламентот.

Нормативниот акт ќе стапи во сила еден месец по објавувањето во службениот весник и со него се обврзуваат сите мажи да ги ажурираат податоците, што им ги даваат на властите, помага во финансирањето на волонтерите и додава нови казни за избегнување воена служба.

Законот предвидува сите мажи во Украина да може да бидат мобилизирани, објави агенцијата Укринформ.

За време на мобилизацијата, сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години мора постојано да носат документ за воена регистрација, што може да го достават до полицијата, службениците во Центар за регрутирање и граничарите, на нивно барање.

Откако законот ќе биде објавен, сите нови регрути мора да ја ажурираат својата постојана адреса, деталите за контакт и другите детали поврзани со војската. Ова може да се случи во воените Центри за регрутирање, Центрите за административни услуги или со онлајн поднесок.

Новиот закон јасно ги дефинира категориите на мажи на задолжителна возраст кои се ослободени од воена служба, вклучително и поради одредени здравствени и семејни причини.

Законот содржи одредби насочени кон мотивација, како што е правото на регрутите самостојно да ја изберат својата претпочитана гранка на војската.

Законот предвидува и дополнително наградно отсуство или награда за уништување или заробување на непријателска воена техника или опрема. Годишниот одмор се доделува на делови во текот на календарската година, при што главниот дел се одредува на 15 или повеќе дена. Еден месец служба се брои како три ако поединецот е директно стациониран во борбени области додека е на сила воената состојба.

Законот беше изгласан од Врховната Рада на 11 април а владините планови ги поддржаа 283 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот