Зеленски и Трамп за време на тензичната средба пред новинарите во Белата куќа / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Зеленски: Ако Трамп ни испрати ракети „Томахавк“, ќе го номинираме за Нобелова награда

Киев ќе го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир ако испрати ракети „Томахавк“ во Украина и помогне во посредувањето за прекин на огнот со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Политико.

Коментирајќи го состанокот што го имаше со американскиот претседател на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк кон крајот на септември, Зеленски им рече на новинарите во Киев: „За време на нашиот последен состанок, не слушнав „не“. Она што го слушнав беше дека работата ќе продолжи на техничко ниво и дека оваа можност ќе се разгледа“.

„Планот за завршување на војната нема да биде лесен, но тоа е секако патот напред. И ако Трамп му даде на светот – и пред сè на украинскиот народ – шанса за такво прекин на огнот, тогаш да, тој треба да биде номиниран за Нобелова награда за мир“, рече Зеленски. „Ние ќе го номинираме во име на Украина, додаде тој.

Политико потсетува дека Трамп претходно водеше кампања за престижната награда, тврдејќи дека завршил седум војни.

Стратешко значење на ракетите

Зеленски, исто така, истакна дека ракетите „Томахавк“, со дострел до 1.500 километри, ќе ѝ овозможат на Украина да погодува цели длабоко во Русија, сè до Сибир. Според него, ова ќе ја зајакне Украина и „малку ќе ги отрезни Русите, доведувајќи ги на преговарачка маса“. Тој истакна дека Киев побарал прецизни ракети со долг дострел за време на мандатот на Џо Бајден, но барањето било одбиено.

Трамп во понеделник изјави дека „некако“ донел одлука да ги испрати ракетите во Украина, но сакал да разјасни како ќе бидат употребени

. „Некако донесов одлука. Мислам дека сакам да дознаам што ќе прават со нив, каде ги испраќаат, претпоставувам. Морам да го поставам тоа прашање“, рече Трамп, додавајќи дека не сака ескалација на конфликтот.

Москва, исто така, реагираше на најавата. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека испраќањето на „Томахавките“ во Киев „ќе доведе до нова сериозна фаза на ескалација на украинската криза, но исто така ќе предизвика непоправлива штета на руско-американските односи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот