Зеленска од Лондон: Не ја заборавајте трагедијата на Украина за време на празниците

Олена Зеленска/ Фото Ukraine Presidency/Ukrainian Pre / Zuma Press / Profimedia

Луѓето не треба да ја заборават војната во Украина овој Божиќ, изјави Олена Зеленска во Лондон, пред нејзиното обраќање во британскиот Парламент.

Првата дама на Украина ја повика британската јавност во сезоната на празниците да не ја заборави „трагедијата” предизвикана од руската инвазија.

Таа рече дека Украинците ја „чувствуваат силната поддршка” како и политичката и финансиска и хуманитарната помош што ја добиваат од Британците.

Украинците се мошне уморни од оваа војна, но ние немаме избор. Ние се бориме за нашите животи. Британската јавност има избор. Тие можат да се навикнат на нашата трагедија, да се концентрираат на сопствените важни работи во животот. Мојата порака за Британците е следнава: тоа не е само војна за нашата слобода и нашите животи. Ова е војна на спротивставени погледи на светот, војна за вредностите. Важно е тие да се зачуваат. Ова е борба за вистината и човечките вредности, истакна Зеленска.

Првата дама на Украина вчера го посети „Даунинг стрит” 10 и се сретна со Акшата Мурти, сопругата на британскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот