Зеленчук , Овошје , Тезги , Пазар - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Зеленчук , Овошје , Тезги , Пазар - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Зеленчукот за една година поскапел неверојатни 63,3 проценти

За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, зеленчукот поскапел за драстични 63,3%, а кај овошјето, растот изнесува 33,2 отсто, соопшти МВР. Вината во изминатава година поскапеле за 18 проценти, пресметал Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, цените на житата и оризот се зголемиле само за 2,2%, а на компирот за 7,1% на годишно ниво.

Статистика бележи вкупен годишен раст на цените на растителното земјоделското производство од 39,9%, додека кај добиточната храна тој раст изнесува 6,5%.

Намалување на цената од 5,7% има кај енергијата, за 1,4% кај средствата за заштита на растенијата, како и кај семињата од 0,3% и кај ѓубривата од 0,6%, пишува во соопштението од ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот