Здравствените трошоци во 2022 пониски за 1,4 отсто во однос на 2021 година

Лекари туркаат болнички кревет на Клинички центар / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Вкупните тековни трошоци за здравството во 2022 година изнесуваат 60.567 милиони денари и бележат опаѓање од 1,4 отсто во однос на 2021 година, кога изнесувале 61.408 милиони денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо опаѓање во однос на претходната година од 44,9 отсто има кај превентивна здравствена заштита, кај даватели на помошни (дополнителни) услуги намалувањето е 41,1 отсто, а кај приватни трошоци на домаќинствата има намалување од 5 отсто..

Најголемо учество во вкупните тековни трошоци за здравството имаат трошоците за лекување од 54,8 отсто по што следат болници со 38,3 и владини (буџетски) механизми и задолжително здравствено осигурување со 57 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот