Здравко Чолиќ / Членовите на АББА / Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Olle LINDEBORG / AFP / Profimedia

Здравко Чолиќ шокираше со изјавата: Бев интимен со пејачката од АББА, се почувствував искористено!

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите балкански ѕвезди, но и пејач по кој лудуваат жените низ светот.

Чолиќ е во хармоничен брак веќе 20 години со сопругата Александра и има две ќерки Уна и Лара.

Сепак, Чолиќ во 1997 година ги шокирал сите со признавањето дека го завела Фрида Лингштад ​​од светски познатата група АББА и во таа прилика ги раскажал сите детали од нивната кратка врска, пишува „Мондо.рс“.

Сè се случило кога Чолиќ со песната „Гори ватра“ ја претставувал Југославија на Евровизија во Луксембург во 1973 година, Фрида истата година била придружен вокал на шведскиот претставник, а тогаш се случила и споменатата средба, поради која за малку ќе задоцнел на настапот.

Како што признал по неколку децении од краткотрајната романса, Чолиќ се чувствувал „искористен како инстант супа“.

– Фрида од групата АББА ја запознав на „Евровизија“, а каде на друго место. Потоа следуваше поканата за викенд. Ми се чинеше ветувачко, но по целата таа тридневна идила се почувствував искористен како инстант супа. Ја готвиш за пет минути, ја јадеш врела и тоа е тоа. А сè беше тука: и колибата и каминот и свеќите и цвеќињата, карираните завеси и чаршафи, печената риба во фолија со бадеми и етеричните масла… Но, таа вистинска, уникатна, луда страст, која се случува меѓу маж и жена, изостана. Немаше спонтаност, па сè изгледаше како кога закажуваш вежбање за двајца во теретана – раскажал тогаш Чолиќ.

Меѓутоа, Чола неодамна во едно интервју открил дека не било баш така.

„О, тоа се машки финти! Жената не може да искористи маж, тој секогаш ја искористува неа“, изјавил еднаш Чола.

„АББА“ слави 50 години од победата на Евровизија: Тешко е да се сфати дека помина толку многу

Здравко Чолиќ познатиот хит „Ноч ми те дугује“ ѝ го посветил на глумицата Јасна: Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него

ФОТО | Таа му беше „сол на рана“, велеа од неа нема подобра во кревет: Здравко Чолиќ 40 години ја криеше вистината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот