Здравко Чолиќ / Фото: Инстаграм/Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ ги одложи трите концерти во Скопје по трагедијата во Кочани

По веста за страшниот пожар во Кочани кој избувна за време на настапот на „ДНК“ во дискотеката „Пулс“, а во кој загинаа 59 лица, познатиот пејач Здравко Чолич се огласи и ја информира македонската јавност дека ги одложува трите престојни концерти во Скопје.

Имено, пејачот на својот инстаграм-профил објави дека ги одложува концертите кои требаше да се одржат во С.Ц. „Јане Сандански“ на 18, 19 и 21 март.

„Концертите ќе бидат одложени. Наскоро ќе бидат објавени нови датуми“, напиша Чолиќ.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Чолиќ исто така објави приказна на Инстаграм со која изрази сочувство до сите по трагичниот настан во Кочани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот