
Здрава коса на високи температури: Совети како вашата коса да остане негувана и сјајна во текот на целото лето
Со летото, покрај сезоната на капење и одмор, доаѓа и грижата за летната нега на косата поради активно изложување на сонце.
Препорачано
Особено важно правило е да не го оставите одењето на фризер во последен момент, особено доколку сакате да ја боите косата. Најдобро е тоа да го сторите најмалку четири недели пред одморот. Без УВ – заштита, бојата може да исчезне или да се промени од силните сончеви зраци и да добие непосакувана нијанса.
Доколку светлите прамените се ваш избор за ова лето, нека бидат за една нијанса потемни бидејќи сонцето природно ќе ги осветли. Заедно со сите производи за заштита на косата, најдобриот сојузник ќе биде шеширот или обична спортска капа што ќе ја спречи промена на бојата.
Како да се истрижите?
Пред да заминете на летен одмор најдобро е да ги скратите врвовите на косата. Сонцето и морската вода имаат штетно и агресивно влијание врз косата, што може да доведе до бледнеење на бојата, расцветани врвови и кршлива, сува текстура. Ако одите на одмор со врвови кои копнеат за ножици, штетата ќе биде само поголема. Затоа, пред заминувањо на одмор, задолжително закажете на фризер.
Инвестирајте во маска за коса
Дури и пред летото, започнете со засилена нега на косата. Користете маска за коса двапати неделно, така што здравата и полна коса е подготвена да се бори против морската сол. Побарајте маски богати со хранливи масла како масло од кокос, арган и макадамија за да и дадете на косата максимална хидратација.
Внимавајте на чешлањето
Во лето, косата е многу почесто влажна, лесно се заплеткува, ја миеме почесто од сол или хлор и посегнуваме по шампон повеќе пати отколку во остатокот од годината. Влажната коса е еластична затоа користењето погрешен чешел може да доведе до пукање на косата. Чешел со широки забци, како и четки специјално дизајнирани за отплеткување и чешлање на влажна коса, ќе ја спасат косата од кршење и многу ќе ви го олеснат чешлањето.
Заштитен фактор за коса
Исто како што користиме SPF за лице и ја штитиме кожата од сонце и УВ зрачење, така и на косата и е потребна дополнителна заштита. Сончевата светлина е непријател на хемиски третираната коса (особено кога станува збор за бланширана или руса коса) затоа што УВ зраците можат да ја отстранат бојата и да ги остават прамените ослабени и исушени. Квалитетен УВ спреј ќе ја заштити вашата коса од оштетување на сонцето, а во исто време ќе и даде прекрасен мирис.
Заборавете на фигарото или пеглата за коса
Вие сте на одмор, вашата коса е изложена на топлината на сонцето цел ден, па одморете ја од користење на уред за нејзино стилизирање. Наместо пегла за коса, користете измазнувачки креми за коса, кои убаво ќе се апсорбираат, негувајќи ја косата и ќе ги отстрани малите кадрици.
Маска за коса додека се капете? Зошто да не!
Кога косата е влажна, косата се полни со вода, се шири и ги отвора порите на косата. Тогаш, косата е најранлива, така што песокот, ветерот и хлорот можат да имаат штетно дејство и да доведат до пукање и сушење, што на крајот на одморот ја прави косата како слама. За да го спречите ова, премачкајте ја косата по должина со маска или кокосово масло пред да влезете во вода. Не мора да користите скапа маска, поентата на производот е да ја премачкате косата и да спречите влијание на агресорот. По капењето, веднаш исплакнете ја косата.