Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Заврши сезоната за Марко Митев кој доживеа тешка повреда против Словенија
Предводникот на новиот бран на македонскиот ракомет Марко Митев заработи тешка повреда на коленото на натпреварот против Словенија 23:33 и неговата сезона е завршена.
Препорачано
22-годишниот централен бек од скопски Алкалоид ги повреди лигаментите, што е само почеток на неколкумесечната пауза, па нема да биде од помош ниту на репрезентацијата, ниту на својот клуб во претстојната битка за трофејот во Суперлигата.
Митев е вистинско откровение кога е во прашање македонската репрезентација.
Средниот бек постигна огромен напредок во последните две сезони под менторство на Кирил Лазаров, а неговите настапи на Светското првенство во 2025 година го привлекоа вниманието на многу европски клубови.
Нашата репрезентација по четири кола од квалификациската група за за пласман на ЕП 2026 има два бода, но во последните две кола има реални шанси да обезбеди виза за следното големо натпреварување доколку ги победи Естонија и Литванија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5