Затвореникот кој почина во штипскиот затвор лежел 20 години за убиство

Затворот во Штип Фото: МИА

Повозрасниот затвореник кој денеска почина во затворот во Штип бил осуден на 20 години затвор за убиство, а одлежал околу девет години од казната, пишува „Фокус“.

Починатиот осуденик имал 68 години и низа здравствени проблеми, поради кои често бил носен во болница.

-Повеќепати изминативе години беше носен во болница. Вчера беше повикана брза помош, со која што беше однесе во Клиничката болница во Штип. Добил здравствена нега на интерното одделение. во 6.30 беше вратен и само што влегол во неговата собра починал – вели за „Фокус“ директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Се претпоставува дека причина за смртта на осуденикот Д.М. од Кочани е срцев удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот