Фото: Принтскрин

Затвореник во Идризово се снима во живо на „Тик Ток“ повеќе од еден час

Осуденик од Идризово од дворот на затворот повеќе од еден час се снима во живо на социјалната мрежа ТикТок.

На видеото се гледа дека има два телефона, а затвореникот на ТикТок го следат над 7 илјади следбеници.

„Слободен печат“ дознава дека ова не е единствениот затвореник кој секојдневно се вклучува во живо на социјалните мрежи.

Во последниот извештај на Советот на Европа беше потенцирана алармантната состојба во затворот Идризово поради пренатрупаноста, но и поради распространетата корупција на вработените во затворот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот