Затвореник измачувал и убил педофил, сакал и да го изеде. Пред судијата рекол дека убаво си поминал

Фото: Профимедиа

Пол Фицџералд (30) се смееше на суд додека ја слушаше пресудата за ладнокрвно убиство, силување и канибализам.

Затвореникот Фицџералд го силувал и задавил „најголемиот британски педофил“ Ричард Хакл (33) во ќелија во британски затвор. Како што рече пред судот, тој сакал неговата жртва да почувствува што чувствувале децата што сексуално ги злоупотребувал, пренесе BBC.

Се чувствуваше „премногу добро“ за убиството што го изврши и остави таков впечаток на суд. Убиецот се смеел, зевал во текот на распитот и кога судијата му рекол дека ќе мине најмалку 34 години во затвор, тој само ги подаде рацете.

– Го зедовте законот во свои раце. Вие сте психопат кој ужива да фантазира за силување, тортура, убивање, па дури и јадење други. Во оваа прилика уживавте и во исполнувањето на вашата фантазија – му рече судијата.

Жртвата на Фицџералд, Хакл, беше осуден на 22 доживотни затворски казни за малтретирање на скоро 200 деца. Како фотограф од Кент, тој демнел деца додека волонтирал во сиропиталиштата во Малезија и Камбоџа. Прво ја посетил Азија кога имал 19 години, подоцна пак се вратил таму. Тој се преправал дека е учител и со тоа се инфилтрирал во малите и сиромашни заедници.

Хакл беше уапсен во 2016 година, откако полицијата го поврза со фотографии и снимки од неговите напади што тој ги споделил со други педофили ширум светот за да заработи пари од своите злосторства.

Полицијата исто така го поврза со создавањето на „прирачник за педофили“ на 60 страници.

Фицџералд, кој бил сексуален престапник, пред судот изјавил дека го задавил Хакл, а потоа го прободел во носот до мозокот и го силувал со кујнски прибор.

Обвинителот Алистер Нил Мекдоналд изјави дека Фицџералд, на некој начин, го „казнил“ Хакл за неговите постапки. Тој пред судот рече дека Хакл бил пронајден на подот, во локва крв. Чуварите веднаш дојдоа во ќелијата. Фицџералд им рекол дека го убил.

Хакл имаше модринки и повреди по целото тело, Фицџералд подоцна откри дека сакал да убие друг затвореник, но дека се откажал од тој план затоа што „премногу се забавувал“ убивајќи го Хакл. Тој, исто така, наводно рекол дека долго време размислувал за убиства и канибализам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот