Фото: Профимедиа

„Заспавме пред новогодишната ноќ, но таа не се разбуди“: Партнерот на Џоселин Вилденштајн ги опиша нејзините последни моменти

Џоселин Вилденштајн, позната по прекарот „жена мачка“, почина на 84-годишна возраст. Нејзиниот долгогодишен партнер Лојд Клајн ја потврди тажната вест за францускиот магазин „Пари мач“, откривајќи дека Џоселин починала од белодробна емболија во Париз.

Сега, нејзиниот партнер, Лојд Клајн откри детали за последните моменти со неговата свршеница Џоселин. Имено, Клајн (57) за „Пипл“ открил дека бил со својата сакана непосредно пред нејзината смрт на новогодишната ноќ.

Вилденштајн, која го доби прекарот „Жена мачка“ поради естетските операции кои го променија нејзиниот изглед низ годините, починала „мирно“ во сон, изјавил нејзиниот долгогодишен партнер.

„Истата вечер добро се забавувавме и се подготвувавме за новата година и дремнавме само за да изгледаме убаво пред да се облечеме“, се присетил Клајн.

„Дремевме и кога се разбудив реков: ‘Џоселин, мора да се разбудиме, мора да се облечеме’, но кога ја допрев беше ладно, почината. Многу е тажно. Тоа е крајно тажно. Исклучително е тажно да лежам со мојата друга половина, која ја познавам 21 година и да чекам да ја прославам Новата година и да ја најдам мртва“, продолжил францускиот моден дизајнер.

Џоселин претходно живееше луксузен живот благодарение на бракот со Алек Вилденштајн, познат трговец со уметнички дела. Нивниот развод по 21 година брак остана запаметен по огромната судска спогодба, во која Џоселин доби повеќе од две милијарди долари. Меѓутоа, денес нејзиното богатство е значително намалено, а според американските медиуми ѝ останале само 10 милиони долари. Често се шпекулира за нејзината финансиска состојба, а многумина веруваат дека Лојд Клајн бил со неа само поради парите и придобивките кои ги донела во неговата кариера. И покрај тоа, парот ги игнорираше овие гласини и уживаше во нивната љубов.

ФОТО | Почина „жената мачка“ Џоселин Вилденштајн, милијардите ги трошеше на безброј естетски операции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот