Фото: РК Еурофарм Пелистер

Засилувањето од Данска пристигна во Битола, Валтер презадоволен: Каспер е скоро два метри, верувам ќе ни помогне

Данскиот интернационалец Каспер Кисум ги мина медицинските тестови по пристигнувањето во Македонија и денес официјално беше претставен пред медиумите во Битола.

30-годишниот Кисум доаѓа во Еурофарм Пелистер од Сондерјиске и попладнево за првпат ќе тренира со своите нови соиграчи. Неговото деби се очекува в сабота на натпреварот против Бутел Скопје.

„Многу сум среќен што сум тука и моите први импресии се многу позитивни. Ги запознав луѓето до клубот, а попладнево првпат ќе тренирам со новите соиграчи. Малку видов од градот, убав е, а и ми допаѓа времето тука. Подобро е отколку во Данска. Едвај чекам да започнам да играм. Не сум играл со македонски играчи, главно не ги познавам моите нови соиграчи. Секако дека го знам Себастијан Хенеберг, игравме еден против друг во Данска. Но, разговарав со мои колеги, кои играле со некои ракометари на Еурофарм Пелистер во други клубови, а и гледав три натпревари на мојата нова екипа. Ми изгледа како добра екипа и едвај чекам да започнам да работам.

Со нетрпение чекам да заиграм во нашиот дом во Битола. Слушав многу за публиката тука, за атмосферата која ја прават домашните навивачи и позитивната атмосфера. Верувам дека ќе започнам со победа во Суперлигата и Европската лига, изјави Кисум.

Задоволство од потписот на данскиот ракометар изрази и тренерот Ларс Валтер.

„Каспер е скоро два метри, може да игра лев и среден бек, а и игра одбрана на позициите 3, 4 и 5. Искусен ракометар е, играл во Флензбург, Штутгарт, Тулуз.. и не му треба треба многу време да се навикне на нас. Верувам дека веднаш ќе ни помогне“, изјави Валтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот