Засадени 2000 садници покрај Партизанска за роденденот на „Паркови и зеленило“

Фотографии: Град Скопје

Со садење на над 2000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработените од Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, го одбележаа денот на градското јавно претпријатие кое континуирано работи на уредување на градското зеленило.

Акцијата за садење денеска се одвива на средишното и странично зеленило на булеварот Партизански одреди на потегот од мостот „Обединети Нации“  до Центар.

Од Град Скопје информираат и дека продолжува  еко-акцијата преку бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје, како и акциите планирани за пошумување на парк шумата Водно и парк шумата Гази Баба.

Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето, а престојот во природа е клучен за одржување на физичкото и ментално здравје. Затоа од големо значење е да се достапни повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа, а истовремено да се подигне свесноста за важноста од покажување посебна почит кон природата и одговорен однос кон неа без нејзино загадување и уништување, соопштуваат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот