pixabay

Започнува четиридневно прскање против комарци низ Скопје

Од Градот Скопје информираат дека денеска ќе започне четиридневна дезинсекција на територијата на градот против возрасни форми и против ларви од комарци.

-Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 до 22 август (од вторник до петок), во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи и ќе се реализира во првиот нареден ден со соодветни временски услови, велат од Градот.

Градот Скопје апелира до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите за време на третманите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот